Охриѓани дома за најлудата ноќ
Плиткиот џеб и лошите временски услови ќе ги задржи охриѓани дома покрај малите екрани за најлудата ноќ, граѓаните кои ТВМ ги анкетираше. Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ, а градоначалникот Никола бакрачески на охриѓани и госдтите Новата 2015 ќе им ја цестита од градскиот плоштад Св Климент Охридски.
Одбројувањето може да почне! Часови не делат до Новата Година. Најголем дел од охриѓани најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека причина за тоа е плиткиот џеб и лошите временски услови, поради кои не се осмелуваат да заминат на пат надвор од Охрид.
Градот е подготвен за пречек на најлудата ноќ. Локалната самоуправа на плоштадот Св Климент Охридски организира заеднички дочек на Новата 2015-та година за охриѓани и туристите. Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе настапи поп – рок групата “Камелеон“. Во 22:30 часот е предвиден настапот на поп ѕвездата Владо Јанески. Градоначалникот Никола Бакрачески, Новата 2015-та Година ќе ја дочека во Охрид на плоштад со своите сограѓани. Забавата за охриѓани и туристите ќе продолжи во рестораните и кафулињата и ќе трае до раните утрински часови. Поради ниските температири кое метеоролозите ги најавија за вечерва од Итната медицинска помош апелираат да се внимава со конзумирањето алкохол.
„Препорака е не само алкохолот туку и храната да се во умерени количини, а посебно за алкохолот да не се зама претерано само во онаа количина за наздравување не3 повече, посебно малолетните воопшто да не земаат алкохол и да не се послужуваат со алкохолот во објектите каде што има организиран дочек и на плоштад“ – апелира д-р Стојаноски.
Охрид е преплавен со гости од соседните земји и подготвен за дочек на најлудата ноќ.
{loadposition content9}