Skip to main content

Јазични делби во „Нико Нестор“ од оваа недела

„Ибрахим Темо“ засега нема да го следи овој пример, неофицијално дознава ТВМ.

 

 |  Билјана Колоска  | 
tabla
табла
Во средното училиште „Нико Нестор“ сепак ќе се воведат јазични смени, неофицијално дознава ТВМ. Оваа стара идеа највероватно ќе се реализира во текот на оваа работна недела, информираат извори од училиштето. Условот која го поставија учениците по последната тепачка, доколу на  почетокот од овој месец не се воведи етнички делби дека ќе излезат со масовен протест,  ги замисли надлежните. Деновиве интензивно се одржуваат состаноци помеѓу првите луѓе на училиштата, вработените, учениците,  локалната самоуправа, како и министерството за образование. Информацијата што ја дознава ТВМ, дека јазични делби ќе има само во „Нико Нестор“, надлежните индиректно ја потврдија.

Niko Nestor„Ни се јавува потреба  од воведување јазични смени. Сега размислуваме за тоа, но за да се воведе само во училиштето кое има такви услови. Тоа е „Нико Нестор„ а во „Ибрахим Темо“ нема никакви шанси за воведување на овој начин на одржување настава„-вели  Џејми Хајредини, раководител на одделението за  образование за Струга.

Доколку во „Нико Нестро“ се воведе јазична делба а во Ибрахим Темо“ не, тогаш ќе настанат други проблеми. ТВМ неофицијално дознава дека сега учениците албанци ќе поставуваат услов. Доколку воведат етнички делби, тогаш тие се изјасниле оти не сакаат да имат часови од професори македонци, велат блиски извори за ТВМ. Во меѓувреме додека  „Ибрахим Темо“ просторно се проширува, надлежните бараат начин на која би се казниле инволираните ученици во последната тепачка.
Инаку, деновиве средношколците од Струга се состанаа со министерот за образование, Перо Стојаноски, со цел уште еднаш да му ги пренесат проблемите со кои се соочуваат. Учениците не информираа дека ништо конкретно не произлегло од средбата, но веруваат оти за скоро ќе се воведат јазични делби.

 

 

{loadposition content9}