Skip to main content

Спектакуларен дочек на Новата 2015 година во Охрид

Спектакуларен  дочек на Новата 2015 година на градскиот плоштад во Охрид. Студеното време не ги спречи неколкуте илјади граѓани и гости да уживаат во настапот на познатите македонски музички имиња.  Новата 2015 година на сите граѓани ја честита градоначалникот Никола Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 
docek nova
дочек нова

docek novaОхрид во празнична новогодишна еуфорија. На   дочекот на најлудата ноќ кафетериите во Охрид беа полни, а на плоштадот Св Климент Охридски едвај место да се помине. Студеното време не ги спречи охриѓани и бројните гости на градскиот плоштад да бидат дел од прославата  на градот која ја организира Локалната самоуправа. Новата година на присутните најпрво им ја честита познатото музичко име Владо Јанесвски, а веднаш по него таткото на градот Никола Бакрачески. 2015 ќе биде запишана во историјата на Охрид како година со најголем број реализирани проекти кои значат живот, развој и просперитет на Охрид, истакна градоначалникот.

„Новата година е веќе пред нас, како едно ново поглавје од книга кое што треба да биде испишано од сите нас, ќе им посакам на сите оние кои се денес на плоштадот на сите охриѓани и граѓани на РМ да го отворат уште еднаш срцето спрема сите docek novaоние кои ги сакаат кон нивните најблиски, пријателите комшиите, роднините, да го исполнат со љубов, здравје и среќа нека им го пружат најдоброто од себе на сите оние кои што ги сакаат и нека го примат од нив она што најмногу им го посакуваат на сите оние најблиски.“ – истакна Бакрачески.

Синоќа музика ечеше од сите страни, а вистинска кулминација  се случи точно на полноќ кога небото над Охрид го осветли спектакуларниот огномет, а граѓаните си ја честитаа новата 2015-та. На главната сцена покрај Владо Јаневски настапи Петар Нечоски и охридскиот бенд „Камелеон“. Годинашниов дочек можеби беше најмасовен досега со присуство на неколку илјади охриѓан и гости од соседните земји. Забавата на отворено помина во најдобар ред, расположението беше присутно кај сите, се играше и пееше , се помина во позитивна атмосфера, со еден збор организиран, незаборавен дочек на најлудата ноќ во нашиот град.

{loadposition content9}