Авионот на AirAsia кој во неделата се сруши во Јаванското море во Индонезија со 162 патници и членови на екипажот немал одобрение за лет на коридорот на кој летал пилотот тој ден, објавило министерството за сообраќај на Индонезија.
“Не е почитувано одобрението за лет во дадениот термин и тоа било проблем”, рекол директорот за воздушен сообраќај Djoko Murjatmodjo, нешто пред објавувањето на информацијата за пронаоѓањето на два големи делови од авионот на AirAsia во зоната на пребарување. “Привремено поништеното одобрение за тој коридор компанијата не го почитувала за летот кој ѝ бил даден”, истакнал Murjatmodjo.
Тој додал уште и дека тоа поништување на тој прометен коридор ќе биде на сила сѐ додека трае истрагата за несреќата. Пилотот побарал зголемување на висината за да ја избегне бурата, но не го добил веднаш одобрувањето поради густ сообраќај. Авионот не долго потоа исчезнал од радарските екрани.
Портпаролот на индонезијското министерство за сообраќај J.A. Barata рекол во соопштението дека AirAsia во неделата немала одобрение за летање на тој коридор и дека не побарала промена на планот на летање.
“По откривањето на траги од гориво и два големи дела од авионот, може со сигурност да се потврди дека тоа се делови од авионот на AirAsia по кој трагаме”, рекол Bambang Soelistyo секретарот на националната агенција за трагање и спасување, на конференцијата за новиари во Џакарта. “Еден е со големина од 9,4 х 4,8 х 0,4 м, а другиот со големина од 7,2 х 0,5 м, и те се на длабочиа од 30 метри”, додал тој.
Досега се извлечени триесетина тела и потрагата продолжува по останатите жртви и делови од авионот, но и по црните кутии кои се пресудни за истрагата.
{loadposition content9}