Иако информацијата не е официјално потврдена, IT шпекулациите се дека интернет пребарувачот на Microsoft, Explorer, ќе добие замена.
Кога на 21 јануари компанијата ќе го претстави новиот Windows 10, на него наводно ќе осамне пребарувачот Spartan, многу побрз и поквалитетен од, многумина омразен, претходник.
Експертите од Microsoft новиот пребарувач, се зборува, дека го правеле во најголема тајност. Неофицијалните информации кои на медиумите им ги пласираат неименувани извори не се така ускладени.
Спрема некои, ова ќе значи дефинитивен крај на Explorer, додека други тврдат дека новата верзија на Windows на корисниците ќе им ги понуди двата пребарувачи. Но, и во двата случаи едно е сигурно, а тое дека ќе постои нов пребарувач во склоп на новиот Windows.
{loadposition content9}