Советите на луѓето кои не се разболуваат би можеле и вам да ви помогнат оваа сезона на вируси да ви помине во здравје, пишува Health.com
-Масажа – масажите можат да го намалат чувството на анксиозност поради што се намалува нивото на стрес. Доволно е да се појде на масажа еднаш месечно.
-Туширање со ладна вода – Лицата кои не се разболуваат велат дека ладниот туш помага кога чувствувате дека имате малку енергија и јака мигрена. Со ладна вода сред зима доволно е да се туширате една минута.
-Миење раце –Миењето на рацете е прва активност која се превзема во спречување на болестите. Рацете со сапун треба да се мијат најмалку 20 секунди.
-Пиење витамин С и цинк – За превенција од настинки корисно е да се конзумираат намирници богати со витамин C, а за спречување на размножувањето на вируси се препорачува цинк. Имено, за да не добиете настинка пијте витамин С, а доколку ја добиете настинката конзумирајте цинк за да настинката помине побрзо и побезболно.
-Јадење повеќе лук – Лукот е богат со антиоксиданти кои го поттикнуваат имунитетот и се борат со воспаленијата.
-Размислувајте позитивно – Во една студија, учесниците кои имале зголемена активност во пределот на мозокот поврзан со позитивен став, произведувале поголема количина на антитела на грип. Ако не можете често да бидете позитивни, експертите напоменуваат дека би можеле да се потрудите да бидете помалку негативни.
{loadposition content9}