Skip to main content

Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ

Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид ,  што толку “будно“ и “загрижено“ ја  следеле состојбата со снежното невреме во Охрид ,  па наместо веднаш  да помогнат со личен пример во  расчистување на снегот   пред своите дворови, се огласија во јавност  со цинично соопштение  осум  дена  по  неговото  паѓање.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Општина Охрид им благодари на СДСМ -Охрид ,  што толку “будно“ и “загрижено“ ја  следеле состојбата со снежното невреме во Охрид ,  па наместо веднаш  да помогнат со личен пример во  расчистување на снегот   пред своите дворови, се огласија во јавност  со цинично соопштение  осум  дена  по  неговото  паѓање.

СДСМ- Охрид ја изобличува вистината,  но фактите  говорат дека  сите  улици  во Охрид и патишта до најодалечените охридски села беа пробиени и проодни за сообраќај само неколку часа по невремето. Градоначалникот Никола  Бакрачески како ниеден  досегашен охридски  градоначалник   несебично се вклучи во чистењето  на снегот  и беше дел од конвојот за спас на завеаните охриѓани и  патници кон превојот “Пресека“.

општина охридОфицијалните податоци на СВР – Охрид , се  јасен доказ  дека по паѓањето на снегот во Охрид и неговата околина немаше ниту една сообраќајна незгода ниту прекин во нормалното одвивање на сообраќајот во градот и во селата,  што  е доволна потврда дека  наводниот “сообраќаен метеж”  и застој по охридските  улици  е само уште една конструкција на СДСМ- Охрид.

Почитувани од СДСМ – Охрид,  точно е дека во последниве 10 години во Охрид имало поголеми врнежи од снег  но исто така е факт дека во последните 10 години никогаш за време на снежни врнежи, температурата во градот не била 5 дена последователно под нулата, односно од -5 до -12 Ц степени .  Но исто така е факт дека во истиот период во минатото,  главните градски артерии  па дури и улица “Туристичка“ сме ги виделе во  многу полоша состојба , понечисти и затрупани со снег  иако  температурите   на воздухот не биле   под нулат, стои во реакцијата од Општина Охрид.

{loadposition content9}