Skip to main content

Снегот и мразот го оставија сметот пред повеќето охридски домови

Снегот и мразот го оставија сметот пред повеќето охридски  домови.

 |  Валентина Неловска  | 
smet
smet

Сметот од пред охридските домови остана пред дворовите, обесен на оградите или во неподигнатите контејнери. Скоро една недела службите на Комуналец не го подигаа отпадот. Граѓаните се во недоумица дали воопшто да го вадат пред домовите во термините кога вообичаено сеп одигнува или не. Од Комуналец за состоојбата велат дека биле  принудени да го одложат подигањето на отапдот заради тоа што дале приоритет на  расчистување на снегот и мразот.   
smet
Од јавното претпријатие информират дека од денес  ќе се обидат да воспостават вообичаен ред.   Комуналниот отпад ќе почнат да го креваат според работната програма по реони.

Директорката на ЈП „Охридски комуналец“, Елена Скрческа, вели дека досега немало можност да го подигнат сметот заради  замразнатиот снег на поголемиот дел од охридските улици. Нивните екипи се фокусирале на подигање на сметот само на улиците во централното градско подрачје.

Вложиле максимални напори со фрлање на сол и ризла да го растопат мразот и да  направат приоди до повеќето улици.

 

smet

Апелира до граѓаните кои живеат во помали улички каде што сеуште нема пристап за подигање на сметот тоа  да го пријавуваат во претпријатието. Од Комуналец напоменуваат дека заради отежнатото одвивање на сообраќајот на патниот правец кон Буково отпадот ќе го депонираат на Мауцкер, а кога ќе се поправат временските услови ќе го превезуваат на депонијата Буково.  

 

 

{loadosition content9}