Skip to main content

Во новата година обавезно ќе …

Пред крај на старата година ни станува обичај да се самообврзуваме дека во новата година ќе направиме се да се ослободиме од лошите и да стекнеме поздрави навики.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Јулијана ВасилевскаДоаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови.  Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња.

„Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна зона, кој што е познат период за разлика од она што следи во иднината што е непознато и од кое сите се плашиме. Не случајно со такви нови почетоци, со такви нови празници и традиции се врзуваат некои понатамошни барања кои си ги поставуваме на самите себе“ објаснува Василевска.

rezoluciiНајразлични се одлуките кои ги носиме во овој период од годината, да се ослабне, да се остават цигарите, да се држиме подалеку од алкохолот, редовно да се оди во теретана, да се штеди. Но, за да успеете не си поставувајте високи цели. Успехот во реализацијата на новогодишните планови во многу зависи од тоа дали ќе издржите во првите неколку недели од нивното донесување, вели Василевска.

„Добро е да се смени, добро е да се тргнат штетните навики, но треба да внимаваме затоа што секоја промена е тешка затоа што навиките се ствараат за време на целиот наш живот, и тие се она што подоцна не обележува станува наш карактер, доаѓа време кога навиката стануваме ние. Не треба да се разичаруваме туку треба да научиме како да се менуваме,да ги знаеме начелата дека никогаш не треба да поставиме многу големи цели.Никогаш да не менуваме повеќе навики од еднаш. Навиките треба да се менуваат постепено“ потенцира Д-р Василевска.

Можеби она што е најважно e во донесувате на овие новогодишни одлуки велат експертите  е да не тежнееме кон совршенството бидејќи во тој случај не само што ќе се вратиме на самиот почеток туку и разочарувањето ќе биде поголемо. Најпосле, имајте на ум дека на патот до целта ве очекуваат кризи.А ако веќе не сте посветиле внимание за својата новогодишна резолуција, не очајувајте. Кој било понеделник е подеднакво згоден маркер за нов почеток.

{loadposition content9}