Бадникова поворка низ охридските улици
Бадникова поворка низ охридските улици.
Три и пол годишната Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова.
„
Ние како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот Христос дојде како дете , на своите ученици им порача бидете како деца бидејќи децата секогаш знаат непрестано да се радуваат, “изјави Филипова.
Поворката беше пречекана на градскиот плоштад и беше дарувана со подароци кои ги обезбедија Локалната самоуправа, компании и верници. Децата ги пречека заменик градоначалникот Ангел Јанев кој ги поздрави ,а за иницијативата кажа дека е во насока на зачувување на традицијата и христијанските обичаи во Охрид.
„ И денес ми е чест во името на градот и советниците на сите христијани да им го честитам празникот кој е вовед во утрешниот голем празник Христовото раѓање,парзник кој многу кажува за христијанската традиција“, истакна Ангел Јанев – заменик градоначалник.
Бадниковата поворка од градскиот плоштад се упати кон црквата Св. Богородица Каменско каде што беа дочекани од свештениците. Ова е настан кој предизвикува и причинува радост и го исполнува со милост секое човечко срце, изјави отец Диме Азески.
„Бадниковата поворка каде децата нашите ангели , како што се вика и во Светото писмо никој не може да влезе во царството небесно ако не биде како дете, пеејќи ја Коледарската песна, Вечниот Бог, кој го предвестуваат и со радосна балговест за раѓањето на Бог, Христос нашиот спасител, и навистина се радуваат и небесата и земјата, и се исполни пророштвото, многу години пред Христоса“, кажа Азески.
Децата кои учествуваа во Бадниковата поворка од црквата добија подарок детски молитвеник и сликовница со Христовото раѓање.
{loadposition content9}