Skip to main content

Православните охриѓани го слават Божиќ

Православните охриѓани го слават  Божиќ.

 |  Валентина Неловска  | 
Божик
Божик

Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските.

Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.
Божик

 

„Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството,  гревот и смртта и на тој начин ни ги отвори рајските порти затоа се вика дека е ова празник на надежта и на љубовта. Надежта ни се открива и љубовта ни се дава и ни го покажува  патот кон кој треба да одиме во нашиот живот “, напоменува  Отец Азески.

 

 

Божик

 

Традиционално православните семејства го празнуваат Божик со богата трпеза на која е присутно  целото семејство. На тој начин ја покажуваат меѓусебната љубов и верба, а и љубовта и вербата кон божјиот син Исус Христос.

Божик е денот кога завршува со причест  40-дневното постење, а се слави три дена.
 

 

{loadposition content9}