Божиќен ручек на геријатрија од нашиците во Австралија
Божиќен ручек за пациентите од одделението за геријатрија Охрид, од нашите иселеници во Мелбурн, Австралија. Со богата трпеза и весела атмосфера со ансамбл Билјана Јуниор, им беше разубавен празникот на нашите постари сограѓани.
Денес кога се слави големиот христијански празник Божиќ весело беше на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Годинава нашите иселеници од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделание ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. За време на ручекот директно од Мелбурн се јави Васко Ангелоски од здружението Св Наум Охридски.
„Особена чест е да Ви го честитем празникот на празниците Божиќ за век и веков, нека се слави и вознесува името божјо, Христос се роди. Честити да ви се божиќните празници нека бидат исполнети со радост и убавини, нашите најискрени желби се за многу здравје, среќа, радост.
Соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, главниот медицински техничар. Тој додава дека редовно добивале помош од нашинците од Австралија посебно на геријатриското одделение.
„Ова здружение од Мелбурн уназат има доста многу донирано во нашево одделение, разни ортопедски помагала и се што треба од медицинска опрема за нашата болница и годинава имавме чест да примам посебна донација од нив за нашето одделение од 100 чаршави, душеци, реновирањето дел од собите со ламинати, машина за перење, уредување влезот на дворот на нашето одделение“ – вели Стојчески.
Голема благодарност од целиот медицински тим на геријатриското одделение беше упатена кон нашите иселеници членови на здружението „Св Наум Охридски“, од Мелбурн. Ова здружение постои три децении, редовно испраќа донации во Охрид, со што се зацрврстува нераскинливата врска на иселениците со родниот крај.
{loadposition content9}