Непочитувањето на „мој термин“ може скапо да ве чини
Со измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, кој пред Нова година, во прво читање, беше прифатен од собраниската Комисија за здравство, се предвидува јавните здравствени установи да можат да наплатат 50 отсто од трошоците за здравствената услуга од оние пациенти што два пати во месецот или четири пати во годината не дошле на закажан преглед или операција, а воопшто или навреме не ги откажале термините, пишува денешен „Вест“.

Пациентите кои се спречени да дојдат на закажаниот термин за преглед или операција, според предложените законски измени, треба најмалку 24 часа пред закажаниот термин да го откажат.
“Јавната здравствена установа од пациентот кој повеќе од два пати во еден месец или четири пати и повеќе пати во годината го откажал прегледот без да го почитува рокот за откажување, како и од пациентот кој воопшто ниту еднаш не го откажал прегледот, може да побара при првото наредно користење на истата здравствена услуга да учествува со лични средства во висина од 50 отсто од вкупните трошоци на здравствената услуга. Пациентот во овој случај учествува со лични средства во зголемен износ само за првото наредно користење на истата здравствена услуга”, стои во измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.
Од Министерството за здравство велат дека со оваа новина во законските одредби не се казнува пациентот, туку се санкционираат несовесните и неодговорни граѓани, кои во повеќе наврати не ги откажале навреме закажаните термини или воопшто не ги откажале, а со тоа го загрозиле правото на пациентите на кои им е навистина неопходна навремена здравствена услуга.
{loadposition content9}