Skip to main content

Сајбер насилниците ги демнат децата на интернет и социјалните мрежи

Сајбер насилниците ги демнат децата на интернет и социјалните мрежи.

 |  Валентина Неловска  | 
intenet
intenet

Користењето на фејсбук и социјалните мрежи ги става во опасност децата од сексуални злоупотреби. Од првата детска амбасада Меѓаши нагласуваат дека децата ги демнат  опасности од сајбер насилниците и порачуваат на добра информираност и на родителите и на децата за правилно користење на интернетот. Јана Зенгоска од Меѓаши посочува дека кампањите кои се водат за правилно користење на компјутерската технологија даваат резултати , но потребна е постојана едукација.  
deca
„Можеби се должи на сензибизлирање но сеуште родителите и децата сметата дека тоа не може да им се случи на нив и дека сето тоа се случува некаде далеку, а тоа се случува во градските средини  и може да му се случи на секого, не бира возраст ни социјален статус“, потенцира Зенгоска.

Од Фондација за интернет општество „Metamorphosis“ нагласуваат дека децата ги демнат опасности кои може негатвино да се одразат на нивата приватност па дури и безбедност. Децата често користат лажни податоци и прикажуваат поголема возраст од дозволената  за да креираат Фејсбук профил, вели Тамара Ресарвска. Заштитата ја гледа во едукацијата на родителите  и како тие да постапат за нивните деца да ги користат компјутерите.

deca„Тие треба да ги посочат опасностите и начините со кои може да ја заштита својата безбедност. Тука  ќе помогне сајтот bezbednonainternet.org.mk каде има прирачници и материјали за заштита на безбедност на интернет“, вели  Ресарвска.

Калина Иваноска, доктор по психолошки науки, исто така,  ја нагласува потребата од претпазливост при вклучување на децат во виртуелниот свет на компјутерската технологија. Не треба да се прекине контактот со дигиталната технологија нити насилно да се забранува од родителите, укажува д-р Иваноска.

„Најважно е да се воспостави добра комуникација меѓу родителите и детето. Родителите  да воспостават социјално- емотивна близина со своите деца за да се обезбеди взаемна доверба. Тогаш  детето нема да ги сокрива работите туку  ќе разговара и во доверба ќе му кажува се на родителот“, напоменува Иваноска.   

Експерите препорачуваат покрај родителите во укажувањето на сите опасности и за правилно користење на интернетот и социјалните мрежи да се вклучат и наставниците во училиштата и медуимите.
 

{loadposition content9}