Skip to main content

Приведен 24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник

Приведен  24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник.

 |  Валентина Неловска  | 
svr
svr

Приведен  24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник. Во почетокот на ноември минатата година,  пријавениот креирал лажен фејсбук профил и воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат. Притоа си разменале и телефонски броеви.

„ Средбата  се остварила во семејната куќа на приведениот каде што се случил половото дејствие. Најнапред со убави зборови, а потоа и со закани се обидел да го присили малолетникот на полово дејствие. Во понатамошниот тек ваквите средби се случувале се до 25 декември минатата година кога настанот го пријавила мајката на малолетникот“, информира Димовски.
policija
По пријава од мајката на малолетникот, СВР Охрид во консултација со основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, изврши разговор со оштетениот малолетник и неговите законски застапници. По сите контакти лицето е лишено од слобода. Од СВР Охрид информираат дека ваквите  слуачи се следат  и се добро кадровски обучени, а соработуваат и со други инситуции.  

„ Заеднички го градиме тој фронт во делот во борбата против ваквите кривични дела полов  напад на дете. Ова е прв случај и немаме информација дека се случувале и други вакви контакти на приведениот со други малолетни лица“, напоменува Димовски.

СВР Охрид за сторителот на  делото поднесе кривична пријава, a судот му одреди  мерка притвор во траење од 30 дена. 

{loadposition content9}