Skip to main content

Во Охрид се очекуваат 30 000 гости за богојавленските празници

Охрид ќе го посетат 30 000 гости за богојавленските празници. Од нив голем дел ќе бидат од соседните земји. Програмата веќе е подготвена, а славењето започнува од 16ти јануари и ќе трае до 20ти.

 |  Јаковлева Лионела  | 
bogojavlenie
богојавление

 

Петдневно славење по повод празникот Богојавление-Водици. Чествувањето за овој голем христијански празник започнува на 16ти јануари со настап на културно уметнички друштва од Охрид. На 17ти во сабота на градскиот плоштад ќе има концерт познатата македонска ѕвезда Каролина Гочева, во недела бидејќи е Водопост нема да има некои музички настапи, но вечерта во 19 часот во куќата на Уранија ќе биде доделена Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол, а младите уметници од ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр“ ќе сликаат дела со мотиви од празничната атмосфера во Охрид. Ќе биде прикажан и документарниот филм „Водици-Охрид“. На Водици во раните утрински часови во светите храмови ќе се одржи света архиерејска литургија, а од девет часот на пристаништето ќе пеат охридските хорови. Во десет часот ќе биде светиот чин на фрлањето на крстот. И годинава бесплатно, на штандови во центарот на градот ќе се служи вино, топла ракија, пача, но и плашици.  Се очекува наредниот викенд во градов да пристигнат околу 30 000 гости од кои дел ќе бидат од соседните земји, Албанија, Србија и Грција како и од Бугарија.никола бакрачески

Во изминатите неколку месеци интензивно преговаравме со хотелиерите и се договоривме за овие пет дена цените да се намалат. Така да за празниците ќе има попуст од 30 до 50% во седумнаесет сместувачки капацитети во градов па гостите ќе можат да престојуваат за 10 до 25 евра, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

За одбележување е што и овојпат што и дел од угостителските капацитети во градот се вклучија во празнувањето преку намалување на цените на нивните услуги.press bogojavlenie

Од здружението „Богојавление“ велат дека се е подготвено за манифестацијата и оваа година да помине во најдобар ред. Веќе се пријавуваат потенцијалните фаќачи на светиот крст. Се очекува во водите на езерото да скокнат околу 1500 фаќачи, а од нив околу 150 ќе бидат странци.

Новина оваа година е што маичките кои ќе ги земаат фаќачите на крстот нема да бидат во ресторанот Св. Софија туку во црквите каде ќе има утринска литургија , а тоа се Св. Никола Ѓеракомија, Св. Ѓорѓи и Св. Богородица- Каменско. Секој треба да си ја подигне маичката во црквата на која припаѓа според местото на живеење. Целта е секој кој ќе скока по светиот крст претходно да оди в црква да запали свеќа и да се помоли за здравје и бериќет, вели Митко Пендов од Здружението „Богојавление“.

Инаку примопредавањето на кумството ќе се направи на 17ти јануари во црквата Св. Никола- Ѓеракомија. Се очекува да пристигнат двајцата овогодинешни кумови, стопанственикот Зоран Милевски и познатата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ кој  треба да дојде со семејството и со пријатели кои ќе останат неколку дена во Охрид.

Богојавленските празнувања завршуваат на 20ти јануари со денот на рибарите, кога на Сараиште традиционално на пладне ќе се фрлат бурињата со вино. Ќе се служат 2,5 тони рибна чорба која ќе се подготвува во ресторанот „Тино“ со помош на средношколците од училиштето „Ванчо Питошески“. Неизоставен дел од гастрономската понуда е и плашицата како и топла ракија и вино.

{loadposition content9}