Skip to main content

Њу Јорк Тајмс ја смести Македонија во 52те земји кои треба да се посетат во 2015та година

Манастирите, Охридското Езеро, пастмајлијата, виното, ова се дел од работите кои вреди да се видат и пробаат според најтиражниот американски весник.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohrid
Охрид

Македонија дел од 52те земји кои туристите мора да ги посетат во 2015та година според Њујорк Тајмс.

New York Times MakedonijaОвој престижен американски весник, составил цела листа од земји, региони, градови во светот кои оваа година треба да бидат вистински хит меѓу туристите. Македонија, според Њу Јорк Тајмс е следната Балканска дестинација. Во текстот објавен во секцијата за патувања, Македонија е претставена како земја на амбиентални манастири, земјата на прекрасното Охридско Езеро, но и земја за љубителите на авантура. Шар Планина со нејзините услови за планинарење, па и нашата винска индустрија која според авторот, Тим Невил, повторно чекори кон врвот благодарение на локалните производители на вино. Невил ги нагласува и традиционалните супи, како и пастрмајлијата и разновидните пити. Македонија воедно е посочена како едно од малкуте места во светот каде што нема Мек Доналдс. Во рамките на претставувањето на Македонија, поставен е и дополнителен линк кој води до објавата на Њу Јорк Тајмс, на нивната специјализирана страница на фејсбук наменета за патувања.

{loadposition content9}