Skip to main content

Алтернативната медицина добива законска рамка

Мал број охриѓани уживаат во масажите и терапиите од алтернативната медицина за рехабилитација. Нив повеќе ги практикуваат странските гости кои доаѓаат во нашиот град. Сите методи и препарати од алтернативната медицина за лекување и рехабилитација ќе добијат законска рамка. Нивните практиканти ќе треба да имаат медицинско образование и лиценца што ќе ја издава посебна комора.

 |  Николоска Биљана  | 
aromaterapi
ароматерапи

aromaterapiНема некој што не би сакал да направи арома терапија со употреба на етеричните масла кои во 1 капка содржат 2000 цветови, вели Сузана Наумоска, сопственичката на салонот за убавина Изида Спа. Таа додава дека со оваа терапија телото за еден час  успеваат да го вратат во нормална состојба дури и кај доста нервозните клиенти. Но охриѓани сеуште малку се присутни на третманите од алтернативната медицина, потенцира Наумоска.

„Морам да кажам дека економската ситуација охриѓани малку ги направи да имаат некаква линија а да не доаѓаат во салони, но, со туристите нема никаков проблем тие сите еднаш два пати неделно доаѓаат вие знаете дека скандинавските земји дома сауни имаат, русите тие многу повеќе седат од пропишаните правила кај нас во сауна“.  – нагласува Наумоска.

Инаку покрај арома терапијата, јогата, хомеопатијата,  традиционална кинеска медицина, фитотерапија, квантна медицина, кинези терапијата, макробиотиката, акупунктура, фенг шуи, и сите други методи на алтернативна медицина кои се практикуваат во земјава, конечно ќе добијат законска рамка. Министерството за здравство подготви посебен предлог – закон за комплементарна и алтернативна медицина, кој веќе е во собраниска процедура. Лицата кои ќе ги спроведуваат ваквите методи ќе треба да имаат медицинско образование, специјални студии, курсеви или обуки, а за да можат да работат со пациенти, овие лица во рок од 6 месеци ќе треба да стекнат лиценца што ќе ја издава посебна комора. Наумоска вели дека едно вакво законско решение ќе даде позитивни ефекти.

aromaterapi„Сите кадровски промени се во ред, секоја една терапија што е аплицирање на ботокс филери треба да го работи стручно лице, доктор, каде што ние треба или да вработиме или да потпишиме договор со некоја приватна здравствена организација, во соработка со нашите инспекциски служби веќе информациите се во тек, што значи дека се што е потребно и треба со тоа ќе се заштитат и сите тие што не работат во услови со стандарди пропишани по закон козметиката е во тесна соработка со медицината така да мислам дека тоа е исправно стандардизација и лиценцирање на се она што треба да се работи“.

Според предлог законот доколку некој се обиде да применува алтернативни методи без лиценца и дозвола за работа, ќе биде казнет со глоба од 2 и пол до 3 и пол илјади евра. А глоба од 4 илјади до 20 илјади евра ќе биде изречена за самата Комора, доколку не ги евидентира сите практиканти во соодветен Регистар. Лековите, чаевите и другите помагала што ќе ги препишуваат алтернативните лекари кои ќе добијат лиценци, нема да бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување.

{loadposition content9}