Исламистичката терористичка органиација Боко Харам е позната по немилосрдност и суровост. Терористите во три дена убиле 2000 луѓе на северот од Нигерија. Спрема наводите на локалните функционери, терористите упаднале во селата со оклокпни возила и извршиле најсмртоносен масакр во историјата, пишува CNN.
Баба Аба Хасан, челник на едно село во тоа подрачје, рекол дека припадниците на Боко Харам упаднале во селото и без предупредување пукале по цивилите со бомби и автоматски пушки. Поголемиот број од жртвите се жени, деца и постари лица кои не успеале да избегаат доволно брзо кога терористите почнале со пукање со ракетни фрлачи и автоматски пушки.
“Телата на убиените се наоѓаат насекаде и сеуште не е сигурно да се оди по нив за да се погребаат. Тие кои се обиделе да се скријат во куќите, живи изгореле”, раскажал Муса Букар, локален функционер.
Во соопштението на Амнести интернешенел се наведува дека градот Бага е разорен и дека се убиени околу 2000 лица.
{loadposition content9}