Постојат силни индикации дека тимот за трагање и спасување ги пронашле црните кутии од летот QZ8501 на AirAsia, рекол портпаролот на компанијата Tony Fernandes, а истото го објавил на Twitter, а пренесува NBC News.
Потрагата по црните кутии е интензивирана денес по добивањето на повеќе чисти сигнали од нив. Сигналите беа детектирани во подрачјето помеѓу 1,6 и 2,4 миљи од локацијата каде е пронајден задниот дел од трупот од авионот кој беше откриен во Јванското море во саботата. Официјалните лица предупредија дека е многу рано да се каже дали се тоа снимките кои доаѓаат од пилотската кабина и снимките од податоците на летот.
Авионот на AirAsia со 162 патници и членови на екипажот се сруши на 28 декември поради временски неприлики на летот од Сурабаја кон Сингапур.
{loadposition content9}