По најновите закани и превземањето на одговорноста за нападите во Париз каде се убиени вкупно 17 лица, Националната разузнувачка агенција на САД (NSA) дошла до нови податоци во кои стои што е следната цел на Исламската држава.
NSA ја известила Светата столица за тоа дека Ватикан е следната цел на терористите, објавено е на вечерниот дневник на израелската државна телевизија.
Тоа се совпаѓа со тврдењето кое го донесе германскиот неделен весник Bild am Sonntag, кој јавува дека NSA ги прислушкува разговорите на водечките луѓе на Исламската држава во кој се спомнувало дека Париз е само почеток на теророт во Европа.
Bild објавил дека целта на Исламската држава е да прават групи од по четири лица кои се уфрлуваат во бегалците кои пристигнуваат во Унијата, и секоја група има некоја цел во своите градови.
{loadposition content9}