Од Охридски комуналец ги негираат обвинувањата од СДСМ
Од Охридски комуналец ги негираат обвинувањата од СДСМ.
Директорката на JП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, категорично ги отфрла обвинувањата од СДСМ дека прават депонија во кругот на механзиација на нивното ЈП. Претпијатието наследи стари возила и лошата финансиска кондиција, а депонијата Буково е на 25 км, вели Скрческа. Возилата често се расипуваат бидејќи се користат секојдневно и по три смени и не може да го издржат патот до Буково, вели директорката на Комуналец.
„ Во зимскиот период не сме во можност да го користиме Буково. Патот е непристапен во годините кога има снежни врнежи, а како што беше и во изминатиот период. Во тие денови во кругот на механзиација имаме претоварна станица , не правиме депонија истиот ден од малите возила го прифаќаме во големите и го носиме на Буково“, појаснува за ситуацијата Скрческа.
ЈП Комуналец , Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески прават големи напори да се одржува чистотата на градот и неговото уредување, подвлече Скрческа на денешната прес конференција.
{loadposition content9}