Брод на сингапурската воена морнарица ги пронашол остатоците од авионот на AirAsia, кој се сруши во Јаванското море каде загинаа сите 162 патници и членови на екипажот.
Министерот за одбрана на Сингапур, Ng Eng Hen јавноста ја извести за пронаоѓањето на остатоците од авионот на AirAsia преку својот Facebook профил и ги објавил фотографиите од остатоците, кои ги направила подводна сонда, пренесува news.com.au.
Напишал дека фотографиите прикажуваат делови од крилата и трупот од авионот. “Се надевам дека со пронаоѓањето на трупот од авионот, фамилиите на жртвите можат на некој начин да ја прифатат загубата на своите најблиски и дека тоа ќе им ја олесни тагата”, додал тој.
Пронаоѓањето на трупот на Airbus A320-200 се смета за клучно, бидејќи се верува дека многумина од жртвите се сеуште заробени во внатрешноста на трупот. Досега се извлечени 48 тела.
Црните кутии на авионот и снимачот на податоци за летот веќе се пронајдени, поткревајќи ја надешта дека ќе се откријат причините за падот на авионот.
{loadposition content9}