Skip to main content

Вмро Дпмне вработува партиски војници во администрација, обвинуваат охридските социјалдемократи

Вмро Дпмне вработува партиски војници во  администрација, обвинуваат  охридските социјалдемократи.

 |  Валентина Неловска  | 
sdsm
sdsm

На Нова година и Божик  течеше оглас за 10 нови вработувања во општинската администрација, рече на денешната прес конференција советничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазареска. ВМРО ДПМЕН не реализира ни еден од капиталните проекти кои ги ветија, а немаат капацитет да организираат ни ефикасна и професионална општинска администрација, потенцира Лазареска.
sdsm
„ Се прашуваме зошто Бакрачески не ги искористи постоечките кадровски потенцијали во општината и ЈП туку ја оптеретува општинската каса со нови вработувања на партиски војници на ВМРО ДПМНЕ“, запраша  Лазареска.

Во 2015 година буџетот на општината е обременет во делот на плати за администрацијата за 13 милиони и 200.000 денари за нови вработувања, надвор од ребалансот за зголемување на 4 проценти на платите на администрацијата, рече Лазереска. Советничката  обвинува дека со одделни  сектори во општината  раководат луѓе кои немаат положено за државни службеници.

zaklina„ Според информациите со кои располагаме во општината има луѓе кои повеќе од една година се назначени раководители со секотри и одделенија без регулиран статус на државни службеници. Дел од советниците на ДПМНЕ раководат со одредени општински служби и истите учествуваат во донесување на одлуките во советот на општина Охрид и се инволвирани во нивно извршување. Ова не само што е класичен конфликт на интереси  туку е и спротивно на Законот на РМ“, кажа Лазареска.

Имаме сознанија дека и во ЈП се примени на работа  голем број  лица иако има  голем дел од вработените на 70 посто принуден одмор, подвлече Жаклина Лазареска, советник од редовите на ОО на СДСМ,  на денешната прес конференција.
 

{loadposition content9}