Skip to main content

Охридскиот Сонк молчи за престојниот штрајк на професорите

 Охридскиот Сонк молчи за престојниот штрајк на професорите.

 |  Валентина Неловска  | 
sonk
sonk

Од охридскиот регионален одбор на Синдикатот за образование, наука и култура молк за престојниот штрајк на просветните работници. Никој не сака да го коментира денешниот состанок на општинската со  претставници од синдикалните организиции, какоц став зазедоколу штрајкот и што ќе им препорчаат на колегите. Обидите да стапиме во контакт со претседателот на општинската организација Аце Речкоски останаа неуспешни. Телефонот беше исклучен и на Јаким Неделков, лидерот на СОНК.      
sonkОна што го дознава ТВМ од неофицијални извори е дека кај наставниците во охридските основни и  средни училишта  владе голема летаргија. Повеќето синдикални преставници немаат одржано средби, некои тоа го направиле утрово , а други закажале состаноци за попладневните часови.  Наставниците се рамнодушни и покрај тоа што  барањата на СОНК не се политички туку се од социјален карактер. Иако  барањата се однесуваат на проблемите кои ги тангираат повеќето  просветни работници и на кои се жалат  сите како што се малите плати, обременетоста со дополнителни административни работи, како што е водењето електронски дневник или казните со екстерното оценување, тие  едноставно не знаат што да прават. Останува неизвесно дали на 20 јануари кога се планира штрајкот на СОНК,  охридските наставници ќе излезат на штрајк или ќе го бојкотираат како  во септември кога единствено тие не се  приклучија на останатите колеги од земјава.

{loadposition content9}