Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди за можен “конфликт на цивилизациите”, а ја критикуваше и Франција што допуштила жената на еден од напаѓачите преку Турција да отпатува за Сирија.
Ердоган е сунитски муслиман и голем верник, пишува Reuters, а веќе го обвини Западот за лицемерието по нападите во кои беа убиени 17 лица, меѓу кои и дванаесетмината во редакцијата на сатиричниот весник Charlie Hebdo, а напаѓачите беа убиени од страна на полицијата.
Во говорот на состанокот со бизнисмените во турскиот главен град Анкара, Ердоган рекол дека Charlie Hebdo е познат по своите провокации. “Со голема загриженост ги следиме нападите на исламот скриени зад сатиричниот весник во Франција”, рекол Ердоган кој сѐ погласно го критикува она што се смета за јакнење на исламофобијата на Западот. “И покрај сите напори тоа да го спречиме, оживува тезата за конфликт помеѓу цивилизации”, додал тој.
Charlie Hebdo објави бројни карикатури во кои се исмејува на верските фигури како што е Исус, папата Фрањо и пророкот Мухамед, а во првото издание по масакрот повторно е објавена карикатура на Мухамед што предизвика гнев помеѓу муслиманите. Ердоган вели дека одлуката за печатење на милион примероци нема врска со слобода на говор туку е “тероризирање на слободата на другите”.
Турскиот весник кој пренесе дел од новиот број на Charlie Hebdo сега е под истрага.
Ердоган не споменал имиња, но се чини, пишува Reuters, дека ги нападнал француските власти што допуштиле жената на еден од напаѓачите, по нападите, да отпатува во Турција, од каде се верува дека преминала во Сирија.
“Тие зборуваат за луѓе кои минуваат низ Турција, но прво мораат да научат да ги проверуваат пасошите на луѓе кои излегуваат од нивната земја”, рекол турскиот претседател.
{loadposition content9}