Skip to main content

33 годишниот белчиштанец Цветан Мицкоски, е среќниот фаќач на светиот крст годинава

Веќе 20 години скока по крстот, но годинава за прв пат му се исполнила желбата да го фати. За 2015та година, посакува само здравје за себе и своето семејство.

 |  Мишел Наумоски  | 
fakac na krst
фаќач на крст

33 годишниот белчиштанец, Цветан Мицкоски е годинешниот фаќач на светиот крст фрлен во водите на Охридското Езеро. За прв пат, годинава е прекршена децениската традиција, крстот да го фаќаат жители на Варош.

Cvetan MickoskiМицкоски, кој е семеен човек, сопруг и татко на две деца, не можеше да ја задржи возбудата, вели дека долги години скока во водите на Охридското Езеро во обид да го фати светиот крст и годинава конечно желбата му се исполнила.

„Во Охрид, секогаш од 1996/97 се капам, само еднаш пред две години пропуштив и прв пат го фаќам. Животна желба ми беше ова и чувството е прекрасно, пресреќно. Секоја година имав претчувство, ама еве годинава блиску бев, не го фатив од прва, барав во водата и случајно ми се најде помеѓу нозете, кога гледам крстот.“-вели фаќачот на крстот, Цветан Мицкоски.

Мицкоски на подарок од двајцата кумови на Водици 2015та, Јоксимовиќ и Милески го доби традиционалниот сребрен крст со позлата, на кој стои посвета од кумовите.

fakac na krst„Им го честитам Богојавление на сите, Господ да им даде на сите граѓани здравје, мир, среќа, бериќет. За прв пат во Охрид крстот го фаќа човек кој што не е од Варош, зашто секоја година беше тоа дали ја местеле манифестацијата, не ја местеле, ама оваа година, испадна дека никоја година наназад не била наместена, му честитам на фаќачот на крстот.“-рече кумот на Водици 2015, Зоран Милески.

Балканската музичка ѕвезда и годинашен кум на Водици, Жељко Јоксимовиќ рече дека му е чест што можел да присуствува на една ваква манифестација. Додаде дека ниту дождот не ги поколебал верниците кои во голем број се собрале за светиот чин. Вели дека и тој и неговото семејство се изненадени од гостољубивоста на охриѓани.

kum Vodici 2015„Се повеќе пријатели имам, јас сум се побогат и побогат човек, кога имам се повеќе пријатели. Мојата сопруга, јас, мојот татко и моите пријатели кои дојдоа со мене се изненадени од вашата гостопримливост и кога поминував низ градот, сите ми викаа: „куме, куме“, тоа мене многу ми значи, а не сум дојден на концерт, туку како обичен граѓанин, како пријател на Охрид и Македонија и мислам дека тоа повеќекратно се враќа и тоа Бог го гледа.“-изјави кумот на Водици 2015, Жељко Јоксимовиќ.

Инаку и годинава не изостана големиот број на млади луѓе кои се решија да скокаат по крстот, а кои за светиот чин најпрво ги посетија охридските цркви и ја проследија утринската Богојавленска литургија.

{loadposition content9}