Стружанецот Никола Јанкоски прв до светиот крст во Струга
Еден од најголемите верски празници, Богојавление – Водици, денес масовно беше одбележан и во Струга.
Еден од најголемите верски празници, Богојавление – Водици, денес масовно беше одбележан и во Струга.
Илјадници верници од раните утрински часови се упатија кон најстариот храм Свети Ѓорѓија во Струга на Богојавленска утринската литургија.
Од таму, црковната поворка се упати кон мостот на реката Црн Дрим каде двете страни на реката беа претесни да ги соберат илијадниците верници. Најголема среќа годинава имаше стружанецот Никола Јанкоски кој рече дека како дете скокал пет пати, а последниве години три пати скокал со намера да го фати светиот крст и годинава, за прв пат тоа му успеало. Ова за него значи голема радост и среќа, а годинешниов кум Боро Симјаноски го дарува Никола со златно ланче и Крст. Прославата продолжи кај кумот Боро Симјаноски, во неговиот угостителски објект „Женска Плажа“ во Струга.
{loadposition content9}