Екстремистите на Исламската држава се закануваат дека ќе ги егзекутираат двајцата заробени Јапонци доколку во рок од 72 часа не им се исплатат 200 милиони долари.
На снимката, која ја објавиле, се прикажуваат двајца мажи од Азија кои се облечени во портокалова облека и човек со црна маска преку лицето кои ги чита барањата, јавува Rusia Today.
Мажот кои бара откуп звучел како Британецот кој е вмешан во поранешните обезглавувања на заложници кои ги киднапираше Исламската држава и која контролира една третина од ирачката и сиријската територија.
Тој рекол дека Јапонците Кенџи Гото Јого и Харуна Јукава се киднапирани поради поддршката на воените акции против Исламската држава.
Исламската држава досега објави неколку снимки од егзекуции на заробеници, но порано барањата беа од политичка природа. Како што наведуваат странските медиуми, за откупнината, наводно се преговара вон очите на јавноста.
Владата на Јапонија соопштила дека нема да попушти пред терористите како и тоа дека нема да го сменат тој став во борбата против тероризмот, пренесува агенцијата AFP.
Премиерот на Јапонија Шинзо Абе, кој се наоѓа на пат по Блискиот исток, ќе откаже некои планирани посети, додека средбата со палестинскиот лидер Махмуд Абас ќе биде одржана.
{loadposition content9}