По 4 пат во Охрид рибна чорба, за Денот на рибарите
Со Денот на рибарите на верскиот празник Собор на Св Јован Крстител, завршија богојавленските празнувања во Охрид. И оваа година не изостана подготовката на традиционалната рибна чорба. Но ги немаше охридските рибари со изложба на својот алат и рибарски мрежи, како и вкусната печена или пржена плашица, која на овој ден минатите години ја имаше во изобилие.
Три дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски.
„Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во училиштето, морам да кажам бидејќи погрешни информации излегоа во јавноста, Тино е спонзор, меѓутоа чорбата ја подготвуваме ние“ – изјави Јорданоски.
Учениците кои учествуваа во подготовка на чорбата велат дека ова искуство е мошне значајно за нив и веруваат дека во иднина имаат можност повторно да го применат.
„Предизвик е, не е тежок, сепак чуството е големо за мене е возбудливо бидејќи прв пат учествувам и задоволен сум. Многу убаво е да се учествува во подготвувањето на рибјата чорба и искуство е. Работевме од 09 до 16 и 30, чистевме риба, подготвувавме ја варевме. Предизвикот е голем и научив да правам рибја чорба“– велат учениците.
Денот на рибарите е одлична можност за афирмација на градот, развој на верскиот туризам, но и за средба и дружба со пријателите велат охриѓани.
„Сепак поголемо внимание треба да се обрне на бројот на странски туристи, на привлекување треба ТЛЕР и Агенцијата за туризам треба да допринесат многу повеќе, не дека не се прави меѓутоа има уште многу многу за правење. Убаво многу е убаво. На денот на рибарите се собираме сите, пробуваме од вкусната чорба, ракија, вино, преубаво е и има и туристи. Ме радува ова, собирањево на луѓето убаво се сплотуваат и традицијата продолжува и понатака“.
Охридските чалгаџии за време на манифестацијата на плоштадот ги свиреа и пееја старите охридски песни, а гостите пиеја вино и ракија. Од закуските изостана печната и пржена плашица, а во казанот се крчкаше 1000 литри помалку чорба во споредба со минатата година. Втора година по ред, иако најавена, не се одржа изложбата на риболовен алат, мрежи па и слики на старите охридски рибари и чунови. Со Денот на рибарите на верскиот празник Собор на Св Јован Крстител, завршија богојавленските празнувања во Охрид.
{loadposition content9}