Охридските наставници не се во штрајк
Охридските наставници не се во штрајк.
Охридските наставници денес не штрајкуваа. Утрово во сите училишта наставно – образовниот процес започна навреме и течеше без проблем, вели Јордан Пуроски, претседател на активот на директори на општинските училишта. Пуроски кажа дека биле подготвени доколку некој штрајкувал.
„ Бевме спремни ако некој наставник се изјасни за штрајк да имаме соодветна замена и учениците да не губат настава, но до петокот во ниедно училиште немаше одлука од синдикатот дека некои училишта ќе спорведуваат штрајк,“ рече Пуроски.
Минатиот петок РО на СОНК од Охрид донесол заклучок дека охридксите училишта даваат само морална поддршка на своите колеги за денешниот штрајк. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во врска со овој заклучок им порачува на охридските наставнци дека тие работат сами против себе. На СОНК не му треба морална поддршка туку синдиклани членови кои ќе ги почитуваат одлуките на Советот на СОНК.
„ Само за жал охридските наставници се задоволни со платите, казните од екстерното и просветниот инспекторат, одлучиле сами за себе. Од СОНк нема да застанат зад ниеден охридски наставник. Доколу утре има некое пометување да се испочитува одлуката ан СОНК може да се разгледа за нивно остануавње во СОНК“, кажа за ТВМ Неделков.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, информира дека штрајкот ќе трае се додека се удоволат нивните социјални барања од страна на МОН, Труд и социјална политика и Министерството за култура. Потенцира дека доколу охридските наставници се предомислат во својата одлука и од утре им се прилкучат на штрајкот може да не бидат избришани од СОНК.
{loadposition conten9}