Често на Facebook можат да се видат содржини од типот “Кликнете овде и освоите…” или слични наслови, кои вообичаено се направени за собирање што повеќе кликања, а всушност ништо нема да освоите.
Сѐ повеќе луѓе ги избегнуваат овие содржини, но често коментираат на нив како на пример “ова е измама”, не кликнувајте на оваа содржина” и слично. Секако, со ова се добива спротивен ефект, всушност се зголемува можноста за прикажување на овие содржини во news feed со што изостануваат поважните содржини кои вас ве интересираат.
Тестирањата на Facebook покажале дека луѓето дури по два пати бришат вакви објави доколку примат коментар од пријател дека се работи за “наивна” содржина, a познато е од порано дека содржина која не ви одговара на вашиот news feed можете да ја тргнете на едноставен начин со кликање на “hide story”, односно да ја пријавите содржината на Facebook како би можел подобро да ја рангира важноста на содржината на вашиот news feed.
Новата надоградба на алгоритмот на Facebook ќе влијае на прикажувањето на вакви содржини, па доколку повеќе луѓе пријават ваква содржина, Facebook нема да го брише туку ќе му ја намали гледаноста, а возможно е и да ја тргне од Facebook со напомена дека многумина ја пријавиле како “лажна приказна”.
Ова нема да се однесува на сатиричните страници или оние кои се занимаваат со хумор и сатира.
{loadposition content9}