Минатата година убиени повеќе од 100 новинари и медиумски соработници во светот
Најмалку 109 новинари и медиумски соработници се убиени или загинале во несреќни случаи при извршување на своите работни задачи минатата година, се наведува во извештајот за слобода на медиумите во светот подготвен од Меѓународната федерација на новинарите (МФН).
| Крсте Голабовски | Свет
лого
Најмалку 109 новинари и медиумски соработници се убиени или загинале во несреќни случаи при извршување на своите работни задачи минатата година, се наведува во извештајот за слобода на медиумите во светот подготвен од Меѓународната федерација на новинарите (МФН).
Оваа бројка е значително помала во споредба со жртвите во 2007 година, кога загинаа 175 медиумски претставници.
Според МФН, Ирак продолжува да биде најопасното место за новинарите, и покрај драстичното намалување на убиствата на претставниците на седмата сила. Во 2008 година во Ирак се убиени 16 новинари, додека претходната 65. Помалиот број жртвите се должи на намалувањето на религиозните тензии во оваа земја, смета МФН.
Меѓународната федерација на новинарите заедно со други новинарски организации работи на специјални програми за обука на медиумските претставници во Ирак со цел да се намалат жртвите меѓу нив.
Федерацијата наведува дека 10 новинари загинале во Мексико, а исто толку и во Индија. МФН предупредува дека Пакистан и Филипините, каде минатата година загинаа седум, односно девет медиумски работници, исто така се опасни за оваа професија.
МФН претставува повеќе од 600 илјади новинари во 123 земји.

{loadposition content9}