Skip to main content

Нова македонско – кинеска соработка во сферата на туризмот

Конкретен бенефит од самата средба е можноста на оптината бесплатно да ги претстави туристичките потенцијали на Охрид на престаојниот саем на почетокот на месец јуни во градот Нингбо.

 |  Голабовски Крсте  | 
delegacija
делегација

ding i bakraceskiКонкретен бенефит од самата средба е можноста на оптината бесплатно да ги претстави туристичките потенцијали на Охрид на престаојниот саем на почетокот на месец јуни во градот Нингбо.

Висока кинеска делегација од градот Нингбо денес во посета на Општина Охрид. Никола Бакрачески, Градоначланикот на Општина Охрид истакна дека остварена е плодна и конструктивна средба на која е оценето дека туризмот е приоритетниот заеднички интерес за двата града, поточно дека оваа средба е убав начин за отворање можности за привлекување на туристи од НР Кина кои би го посетиле Охрид. Исто така со оваа средба ќе се направат напори да се искорситат врските со стопанската комора, бирото за туризам и патничките агенции и туроператорите од овој кинески град.

„Во рамките на овие дискусии договоривме посета на делегација од градот Охрид за време на одржување на големиот саем во градот Нинг Бо од 9-12 јуни,на кој саем ние понудено бесплатно да се организира еден штанд посветен исклучиво на градот Охрид на кој што ќе можеме ние да ги изложиме поенцијалите за инвестирање не само во градот Охрид и не само во делот на туризмот, туку ќе биде презентирано нашето целокупно културно и природно богатство“рече Бакрачески.

dingБакрачески истакна дека за време на таа посета ќе биде организирана и средба со сите највлијателни туроператори и туристички агенции и претставници на бирото за туризам на НингБо, пред кои ќе ја презентираме нашата туристичка понуда како можност за привлекување на туристи од оваа земја. За значењто на соработката меѓу овие два града, особено во сферата на туризмот согласен и Динг Хаи Бин, заменик градоначалникот на НингБо.

„Само минатата година туризмот на Кина и донесе повеќе од 10 милјарди долари, а кинезите пак низ светот потрошиле околу 14 милијарди долари, затоа ваквите бројки се само охриабрување за нас да продолжиме во насока на испитување на туристичкиот пазар и соработка со земји како Македонија“ изјави Бин.

На денешената средба исто така стана збор за можностите за културна соработка меѓу овие два града, а посебно беше разгледувана можноста за учество на истакната кинески музички уметници на нашиот  реномиран фестивал  „Охридско лето“, како и за соработка во сферата на образованието, особено во делот за размена на студенти, но и професорски кадар. Нингбо е пристаништен град лоциран на околу 90 километри североисточно од Шангај, во Зијанг провинцијата која е една од економски најразвиените. Брои околу 7 милиони жители што за кинеските стандарди и не е многу. Во превод НингБо значи мирен бран.  

{loadposition content9}