Skip to main content

Во охридските градинки нова повисока цена за полудневен престој

Во охридските градинки нова повисока цена за полудневен престој.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
gradinka

Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.  

rozeДиректорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени.

„ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега со измените не е изменета цената туку она што се направило грешка тогаш сега гледаме да го анулираме и да излеземе на крај со трошоците имајќи во предвид  дека цените  од 2004 година се многу покачени од производите кои ги нудиме“, вели Костеска.

Костеска вели дека родителите треба да изберат една од 3 -те опции  кој што  им стојат на располагање.  За иста цена од 806 денари ќе плаќаат полудневен престој за децата  доколку го избегнат ручекот, друга опција е ако  gradinkaизберат полудневне престој со ручек по цена од 1490 денари или пак за 1490 денари да изберат целодневен престој.  Градинката располага со доволен број на креветчиња доколку некои од родителите ја  изберат опцијата наместо полудневен за целодневен престој, информира  Костеска. Додава дека родителите за измените се известени на огласната табла и од лични контакти со воспитачките. Родителите треба да се одлучат до крајот на месецов, а измените ќе стартуваат од февруари. Директорката најавува дека наскоро измена ќе претрпат и цените за целодневно сместување.

„Со новата програма за исхрана на децата се воведуваат и нови артикли кои се користат како здрава храна,а се со повисока цена на пазарот. За потребата од зголемување на цената за престој во градинката  сме во контакт со министерството и ќе претрпат корекција и цената од 1490 денари, но засега се држи на социјална цена која е енормно ниска во овие услови кога цените се скапи на пазарот“, вели Костеска.   

Во моментов во градинката се сместени 837 деца , од кои 300 во полудневен престој, а 120 деца се на листата за чекање за сместување во градинката.

{loadposition content9}