Skip to main content

Google станува мобилен оператор

Американската компанија Google склучи договори со T-mobile и Sprint

 |  инфодеск  | 

 

Американската компанија Google планира да понуди услуги на мобилна телефонија во САД и воедно склучила договори со операторите T-mobile и Sprint, објавил весникот The Wall Street Journal.

 Весникот пишува дека Google склучил одвоени договори со Sprint, кои зависи од јапонската Softbank, и T-mobile, огранок на германскиот Deutsche telekom, за да ги користи нивните мрежи и така да ги продава своите услуги.

The Wall Street Journal објави и дека во една од одредбите на договорот помеѓу Google и Sprint е предвидено ново преговарање за договор ако Google привлече премногу корисници.

Google, како што се наведува во текстот, би можел во прво време да се ограничи со своите услуги на неколку поголеми американски градови.

{loadposition content9}