Skip to main content

Концерт во чест на Тоше Проески

Сите љубители на музиката на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проевски, утревечер ќе имаат можност да уживаат  во изведбите на неговите дела од страна на реномирани млади музички таленти од нашиов град.

плакат
plakat

Darko Mojsoski„Тоше Проески има само датум на раѓање и цела вечност за паметење“ ќе речат неговите најголеми фанови и додаваат дека да се чекори по патот на Тоше, да се следат неговите хумани дела, пред се е чест, но и обврска за секој млад човек. Така во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Дарко Мојсоски, еден од организаторите на концертот објасни дека идејата некако сама се наметнала со оглед на тоа што во нашиов град долго време нема културна манифестација посветена на делото на Тоше. Објасни дека на концертот ќе настапат млади музички таленти, Маја Ристеска, Мартина Целеска, Натали Илиоска и Дијана Стојаноска  како и хорот при охридската гимназија кои ќе пејат песни од Тоше. Исто така подготв

„Ние спремивме, односно нашите пријатели од Локалниот совет на млади еден краток документарен филм во траење од десетина минути кој официјално вечерта ќе биде пуштен вечерта пред присутните.Ова е склопено од Весна Цветаноска и е нјзино авторско дело, нема воопшто нешто екслузивно но и позајмено од ни една телевизија“ истакна Мојсоски.

Никола ГрдановМојоски посочи дека во организацијата на настанот исто така вклучени се и Ангел Мојсоски, Д-р Марија Тренева и Бојан Карадимче, претседателот на студентскиот парлемнт при ФТУ, а мора да се напомене и помошта од Локалниот совет на млади и Лајонс клубовите од нашиов град.  Никола Грданов еден од организаторите на концертот објасни дека  сите заинтересирани влезниците ќе може да ги купат на билетарата на Центарот за култура, но влезници се продавале и по училиштата низ градов.

„Беше потребно доста време, околу еден месец за да се организираме, а мојата улога е во организација на продажбата на влезниците преку ученици во поголемиот број од училишта од градов, ги продаваме по училиштата по фирми. По училиштата продадени се околу 200-300 влезници.“ истакна Грданов.

 Концертот е закажан за сабота, 24 јануари во 20 часот во центарот за култура „Григор Прличев“. Влезницата е со симболична цена од 100 денари, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со попреченост „Зраци“.

{loadposition content9}