Шестмина скијачи загинаа на француските Алпи
Шестмина скијачи кои исчезнаа во Алпите се пронајдени мртви
Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи.
Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи).
Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca.
Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање.
“Кога заминаа, небото беше чисто, а ризикот од лавина беше на ниво од 3 степени од можни 5”, објавиле властите.
Најмалку 11 луѓе страдале во лавини во Франција од почетокот на зимата, по официјални податоци. Лавините во Франција усмртуваат околу 30 луѓе секоја година.
{loadposition content9}


