Синдикатот од АД ЕМО бара помош од охридскиот градоначалник
Синдикатот од АД ЕМО бара помош од охридскиот градоначалник.
Синдикатот на АД Емо поднесол список од 80 вработени со барање за помош до градоначалникот Никола Бакрачески. Бараат да им се помогне да не бидат тужени заради неподмирени долгови кон трите јавни претпријатија, Проаква, Комуналец и Нискоградба и да не им се пресметуваат камати. Станува збор за членови на синдикатот од некогашниот стопански гигант во Охрид кој во моментов се наоѓа во тешка финсиска состојба. Ова барање следува по ветувањето на градоначалникот Бакрачески дека ќе ја разгледа можноста Локалната самоуправа да им помогне на вработените, напоменува Миле Крстаноски претседател на синдикатот на АД ЕМО.
„ На средбата одржана кон на крајот од минатата година со градоначалникот договориме да се изготват списоците од челнови на синдикат кои се соочуваат со проблеми кои не можат да платат сметки и се соочуват со извршители, во тој домен да излезе во пресрет и да помогне околу оваа проблематика“,
Бараат од градоначалникот и помош при користење на здравствени услуги.
„ Со оглед на тоа што тој е од медицинската бранша некако да издејствува еден работник од АД ЕМО да не се соочи со одредени суми поврзани со тој преглед или упатување на некој специјалистички преглед“, напомена Крстаноски.
Инаку, околу 180 вработени од ЕМО побаруваат од државата околу 40 заостанати плати, но и неисплатени придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигуривање за што и јавно протестираа во ноември и декември минатата година.
{loadposition content9}