Skip to main content

Локалната подготви програма за поефикасно работење на такси превозот во Охрид

Локалната подготви програма за поефикасно работење на такси превозот во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
такси
такси

Локалната самоуправа ќе воведува мерки за поефикасен такси превоз во градот. Програмата  утре ќе биде ставена на усвојување пред советниците на 35-тата седница на совет.  Со промените во превозот ќе бидат засегнати околу 350 такси превозници. ТВМ  ги контактираше претседателот на здружението на охридските таксисти и сопствениците на неколку такси компании за мерките кои  ќе се преземаат за  ефикасен такси превоз.  Повеќето од нив тврдат дека не ни знаат за програмата. Нагласуваат дека пред 2-3 месеци одржале работна средба со градоначалникот Бакрачески пред кого ги изложиле проблемите и очекувале активности за подобрување на нивната работа.

таксиЃорѓи Стрезоски одговорен за три такси  компании   Мобидик, Такси Нова и Сузуки  вели дека на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески  дале два предлози. Побарале  отворање на нови локации за такси постојки  низ градот кои нема  да пречат во одвивањето на сообраќајот и подобро обележување на постоечките. Укажале на потребата за воведување на лиценци за таксистите, а не како досега да се издаваат лиценци само за возилата, потенцира  Стрезоски.

„Со тие лиценци кои возачите ќе ги поседуваат би имале одговорност околу самиот начин на обавување на дејноста такси возач. Ако направат одредени прекршоци би им се одземала таа лиценца и би се замислиле дали би наплатиле повеќе или помалку, каде ќе се паркираaт или како ќе се однесуваат во сообраќајот“, напоменува Стрезоски.

Љупчо Танески од Фондот за комунален развој при ЛС во однос на програмата за поефикасно работење на такси превозниците  посочува две мерки со кои ќе се подобри  функционирањето на такси превозот во градот во 2015 и 2016 година. Мерките ќе се финансиски поддржани со пари од општинскиот буџет. Тоа се обуките за англиски јазик и издавањето на лиценци за возачите. Во однос на прашањето дали лиценците ќе бидат и одземени од несовесните возачи, Танески појаснува,  дека тоа  дополнително ќе биде  договорено во Комисијата која ќе биде формирана од  општината и претставници од такси здруженијата.  
такси
„ Тоа во понатамошниот тек ќе се одлучи, но целата постапка е во согласност со Законот за патен сообраќај каде се вклучува добивање и одземање на соодветни дозволи, лиценци и сертификати. Па очекуваме во понатамошната постапка и во програмата  да се произнесат и по тој дел“, вели Танески.  

Танески напоменува дека за курсевите по англиски јазик за кои општинаат склучи договор за одржување со Работничкиот универзитет  засега се пријавиле 68 таксисти од  350 регистрирани такси возачи.   Од 2017 година со законските измени нема да може да се обавува такси дејност без познавање на англиски јазик.

taksi

 

И додека надлежните бараат решенија за подобрување на такси превозот во градот зад камерата на ТВМ повеќето од таксистите се жалат дека најтешко им паѓа економската криза која се повеќе се чувствува  во нивното работење. Се жалат дека  проблем е што за граѓаните такси превзот станува луксуз, а такси возилата  се почесто остануваат на  постојките. Додаваат дека  Охрид е  еден од најсредените градови во државаа  со такси превозот со  унифицирани возила, со уредни  фискални апарати и  навремено баждарени такси метри ама луѓето немаат пари и избегнуваат да се возат со такси.

{loadposition content9}