Skip to main content

Далијан и Охрид и официјално ќе соработуваат на полето на туризмот

Висока делегација од водечкиот туристички центар Далијан од НР Кина, денес во посета на Охрид. Ова претставува возвратна посета, предводена од заменик градоначалникот на Далијан, претставници од бирото за развој на туризмот и три бизнис делегации. На средбата беше потпишан меморандум за соработка на полето на туризмот, од кој документ како што изјави градоначалникот на Охрид очекува голем број туристи од Кина да го посетат Охрид и другите туристички места во земјава.

 |  Николоска Биљана  | 
kinezi
кинези

kineziПотпишан меморандум за соработка на полето на туризмот помеѓу бирото за развој на туризмот од Далијан, Народна Република Кина и Секторот за ТЛЕР на општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески смета дека оваа соработка ќе вроди со плод и наредниот период  можеме туристите од НР Кина да ги очекуваме во голем број. Додаде дека овој документ значи етаблирање на соработката со НР Кина во делот на туризмот.

„Во делот на организирање на туристички групи од НР Кина кон Македонија и обратно, ќе направат напори за етаблирање на можности за воспоставување на чартер летови до Кина кон Македонија и обратно и ќе имаат заедничко учество на голем број саеми и манифестации за туризам и со тоа давеме нов допринос помеѓу овие два градови“ – изјави Бакрачески.

Бакрачески најави дека кинеската делегација ќе го посети и Универзитетот  „Св Апостол Павле“ со кој што веќе била воспоставена соработка при минатогодишната ноемвриската посета на нашата делегација во Далијан на која биле разгледувани модалитетите за идна соработка помеѓу Универзитетската заедница од Далјан и охридскиот универзитет за информатички науки и технологии. kineziПроректорот на Охридскиот Универзитет Св „Апостол Павле“ Иван Бимбилоски, изјави дека денешната посета на кинеската делегација во Охрид е само уште една потврда за силните заложби на градоначалникот за подобрување на сите состојби во општина Охрид посебно во високото образование. Тој нагласи дека со градот Далијан извесно време соработувале и преговарале со нивните колеги во повеќе сфери од високото образование.

„Една е на полето на размена на студенти и професори, настојуваме да обезбедиме стипендии за македонските студенти да одат одреден период да студираат во Далијан тоа ни е еден од приоритетите, настојуваме да обезбедиме средства од Владата на НР Кина за поддршка на научно истражувачката работа која би се одвивала на нашиот Универзитет. и настојуваме да обезбедиме поддршка од градот Далијан за изградба на технолошки парк“ – вели Бимбилоски.

Во текот на месец април и мај годинава општина Охрид треба да ја посетат неколку национални телевизиии од Далијан кои што ќе подготвувале видео репортажа или документарец за туристичките можности и капацитети на Охрид кој материјал потоа ќе биде презентиран на популација од 100 милиони гледачи. Од Локалната не ја исклучуваат соработката и на  полето на економијата или инвестиции на бизнисмени од Кина во Охрид.

{loadposition contennt9}