Видео: Арда Туран со копачка по судијата
Сешто се изнагледавме на натпреварот во Мадрид, но ова беше врв

Фудбалерите на Барселона изборија полуфинале во шпанскиот куп на кралот со победата во возвратниот натревар со Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 4-2.
Нејмар му пресуди на Атлетико со два погодоци, но натпреварот пред сѐ го одбележаа инциденти и лошото судење на Хесус Гил. Најскандалозен момент на натпреварот се случи во 48-та минута кога Арда Туран со сопствената копачка го гаѓаше линискиот судија.
Туран остана без копачка во дуелот со двајца играчи на Барселона и очекуваше дека линискиот судија ќе сигнализира прекршок, меѓутоа тоа не се случи. Изиритиран со таквата проценка Туран ја зеде копачката од тревата и со полна сила ја фрли во правец на судијата. Не успеа да го погоди, а главниот судија тоа го санкционираше само со жолт картон.
{loadposition content9}







