Милитантите на Исламската држава објавија видео од егзекуција и на вториот јапонски новинар, а се утврдува автентичноста на снимката.
Kenji Goto, ако се верува на снимката од Исламската држава, е егзекутиран како и неговиот сонародник Haruna Jukawa пред една седмица, јавува Reuters.
Јапонската влада се обидува да ја утврди автентичноста на снимката која е објавена на интернет. Нивниот портпарол го осуди овој чин, пишува Sky News.
Да потсетиме, Haruna Jukawa е погубен по истекот на ултиматумот кој милитантите на Исламската држава им го поставија на властите во Токио. Во замена за ослободување на двајцата заложници бараа 200 милиони долари.
{loadposition content9}