Skip to main content

ЕУ парламентот евакуиран поради бомба

Мерките на претпазливост се превземени поради сомнителен автомобил

 |  инфодеск  | 

Мерките за безбедност се превземени поради сомнителен автомобил кој бил воочен во улицата Montoyer.

Полицијата делумно го евакуирала Европскиот парламент во Брисел откако било приметено сомнително возило со наводно вооружен маж.

Како што пишуваат локалните медиуми, утрово се случил сличен инцидент и пред американската амбасада во Брисел, а се утврдило дека е во прашање лажен аларм.

Медиумите наведуваат дека во последните три седмици во Белгија имало 13 лажни дојави за бомби.

“Такви дојави има повеќе од вообичаеното. На тоа секако влијаеа нападите во Париз, поради кои луѓето добиваат секакви идеи”, било кажано во федералната полиција.

{loadposition content9}