Skip to main content

Уште една гранка се скрши од охридскиот чинар


Уште една гранка се скрши од столетното дрво. Охридскиот чинар настрада од невремето кое го зафати градов. Локалната сеуште тврди дека не е надлежна и се повикува на Министерството за животна средина. Но од таму децидно кажаа дека Локалната е таа што треба да си го реши проблемот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
cinar
чинар

Тажна слика на плоштадот „Крушевска република“. Пред наши очи пропаѓа единственотно столетно дрво со кое се гордееше градов и охриѓани, а многу туристи токму тука ги овековечуваа миговите поминати при посетата на Охрид.

Охридскиот чинар настрада под налетот на невремето што го зафати градов. Уште една гранка се скрши. Од надлежните сеуште молк. Никој ништо не превзема.чинар

Граѓаните разочарани од игнорантскиот однос на надлежните кои воопшто не водат сметка за овој споменик на природата.cinar

Твм во повеќе наврати пишуваше за овој проблем барајќи кој е надлежен за решавање на проблемот. Од Локалната, и порано, а и сега тврдат дека тие немаат никакви ингеренции за да го заштитат ова дрво. Топката ја префрлаат на Министерството за животна средина. Но, од министерството , односно од секторот за заштита на природа не се согласуваат со тоа. Од таму се вчудоневидени на што се должат ваквите паушални изјави од страна на Локалната. Дали во прашање е недоволна информираност или намера да се префрли проблемот на друга страна. Тврдат дека целосните ингеренции за заштита на чинарот се на Локалната самоуправа. Таа треба да си обезбеди буџет, да си склучи договор со приватна фирма или лице за зафатите кои планира да ги прави, фирмата да изготви проект кој треба да се достави до министерството и тоа да даде зелено светло. Од министерството додаваат дека секогаш даваат позитивно мислење за вакви проекти, освен во оние случаи кога станува збор за сечење на дрво. Министерството веќе било информирано дека од охридскиот чинар повторно се скршила гранка и подготвува барање за информација од Локалната за состојбата на чинарот.
Останува да видиме дали Локалната конечно ќе се свести што градот губи со изумирањето на чинарот и ќе се зафати да го спаси додека сеуште има можност за тоа.

{loadposition content9}