Skip to main content

Студенчишкото Блато како природна заштита од поплави и други природни непогоди

На светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат, потсети на важноста на овој наш значаен еко-систем.

 |  Мишел Наумоски  | 
blato
блато

Студенчишкото Блато-природна заштита од поплави и други природни непогоди. Покрај неговата уникатност со бројните примероци од флора и фауна голем дел од кои се и ендемски видови, како и неговата функција на филтрирање на езерото, Студенчишкото Блато воедно помага и во одбрана на градот и езерото од поплави, кои деновиве се и тоа како актуелни.

Studencisko BlatoДенес на светскиот ден на мочуришните предели, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат потсети на значењето на овој значаен еко-систем.

„Студенчишкото Блато покрај тоа што е живеалиште на поголем број примероци, некои ендемски на флора и фауна, и покрај тоа што е природен филтер за водите и го зачувува квалитетот на водата на Охридското Езеро, претставува и природен сунѓер кој што ја впива водата и не дозволува при поголеми непогоди да дојде до поплавување и до нарушување на крајбрежјето на Охридското Езеро но и понатаму.“-вели Пановски.

Пановски додава дека во светот одамна е препознаено значењето на ваквите еко-системи, и дека останува тоа да го направиме и ние.

zastita blato„Она што се случува години наназад со Студенчишкото Блато е негова деградација, деградиран е голем дел, но останат е уште еден голем дел кој што од еколошки аспект, од аспект на еко-систем треба да го заштитиме и мислам дека треба да направиме се што е во наша можност да укажеме дека овој дел, оваа срцевина на блатото, овој остаток од Студенчишкото Блато треба да се заштити, и заради еко-системот, и заради Охридското Езеро, и заради идните генерации, меѓутоа и заради туристичката понуда на Охрид, затоа што блатата се повеќе се и туристички атракции.“-рече тој.

Инаку Меѓународниот ден на водните живеалишта односно, мочуришни предели и блата, се прославува на 2ри Февруари . Тоа е денот кога на меѓународната конференција во Рамсар,  во далечната 1971 година, мочуришните предели добија значење , важност и утврдена вредност. Оваа 2015 година мотото на овој ден е „Мочуриштата за наша иднина“.

{loadposition content9}