Услови за алтернативен туризам имаме недостасуваат лични инвестиции
Услови за алтернативен туризам имаме недостасуваат лични инвестиции.
Позитивни примери на алтернативен туризам во нашиот регион има во неколку рурални средини како што се Елшани, Куратица, Дебрца и Вевчани, вели Лазар Неданоски, раководител на проектот кон алатернативниот туризма, од Македонската развојна фондација. Искуствата покажуваат дека услови и интерес за повисок степен на развој на алтернативниот туризам има ама луѓето се неодлучни да инвестираат. Луѓето често се во дилема при изборот на формата на алтернативниот туризма која ќе ја продаваат на пазарот, посочува Неданоски. Во тие одлуки многу е битна посветеноста, љубезноста кон луѓето и подготвенсота за постојана лична едукација. Факт е дека поминаа времињата кога однапред ни беа предодредени улогите во некој поголем систем, нагласува Неданоски.
„Сега сите мора да ја бараме својата улога. Ако нема приходи мора на одреден начин да ги изнајдеме и да ги добиеме. Помалку би сакал да ги гледам проблемите ги има и секогаш ќе ги има но мора во даден контекс на тоа да се живее“, вели Неданоски.
Имаме одлични сместувачки капацитети за развој на алтернативниот туризам. Тука е и потребната инфраструктура, факултет за туризам и средно угостителско училиште, но потребна е погоелма фокусираност на квалитетот, маркетингот и продажбата. Ако има одредено претпиемништво ќе има развој во овој вид на туризам, додава Неданоски.
„Мора луѓето да си ја видат шансата и да сакаат ја зграпчат. Младите мора да знаат јазик, најмалку англиски, да се фокусираат на сопствената лична едукација , да знаат кога нешто прават да е со визија за 2 –5- 10 години“, подвлекува Неданоски.
Засега имплементирањето на проекот „Кон алтернативниот туризам“ оди добро, задоволни се од Македонската развојна фондација за претпријатија. Појаснуваат дека имаат одличен партнер во Локалната агнција за развој од Струга за операционализација на проектот на терен.
{loadposition content9}