Охрид и Дебар имаат безбедна вода за пиење, но не и делови од Струга
Охрид има безбедна вода за пиење. Во руралните средини од струшкиот регион и Дебрца во водата било забележано недостаток на дезинфекциони средства, хлор, и не е за употереба. Додека пак примероците на вода од с. Мороишта и Калишта покажале микробиолошко загадување. Ова се резултатите од поселедните контроли на водата од 01, 02, 03 февруари, кои ги направи ЦЈЗ Охрид, посебно со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои деновиве го зафатија охридско – струшкиот регион.
Охриѓани пијат исправна вода. Но тоа не може да се каже и за стружани и за жителите на Дебрца. Центарот за Јавно здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и Дебар, особено со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои го зафатија охридско – струшкиот регион од 01. февруари. Водата од градскиот водовод во Охрид ги задоволува законските стандарди за безбедена вода за пиење, нагласува директорот на ЦЈЗ Атанаско Михаилов.
„Охрид има безбедна вода за пиење по сите параметри и хемиски и микробиолошки. Примероците на вода земени на 02. февруари од селата од Дебрца кои имаат сопствен водовод како што се Сливово, Слатино, Издеглавје, Песочан, Велмеј, Лешани, Белчишта, Ботун, Мешеишта, Подмоље, покажаа недостаток на дезинфекционо средство, што значи немаа хлор и по норматив водата која што е од водовод и нема во себа хлор е забранета за употреба. Додека пак водата од селата Сливово, Сливово-извор, Издеглавје-извор и Подмоље беше со зголемена матност над дозволената и таа вода се забранува за употреба“ – вели Михаилов.
Недостаток на хлор и микробиолошко загадување на водата за употреба забележано е и на дел од градскиот водовод од Струга и струшките села, потенцира Михаилов.
„Селата Мислешево, Мороишта, Макпетрол бензиската, Калишта немаат дезинфекционо средство а примероците од водата од селата Мороишта и Калишта покажаа и микробиолошка неисправност. Примероци на вода од селата приклучени на градски водовод земени се и на 02.02.2015 понеделник, при што е констатирано дека концентрацијата на дезинфекционо средство е под минимално дозволената во селата Мислешево, Долно Татеши и Радолишта. Зголемена матност имаше во водата од с. Мороишта и Радолишта. Во тек се микробиолошките анализи не овие примероци.
Михаилов на денешниот прес ги повика сите граѓани каде што има поплавени куќи во населбите Даљан, Воска, дел од Радојца Новичиќ, после повлекување на водата да се обратат до ЦЈЗ со цел нивните екипи да направат бесплатна дезинфекција на просториите за да можат луѓето нормално да живеат. Инаку како што информираат од ЦЈЗ сите резултати биле упатени до Агенцијата за храна и Центарот за управување со кризи. Од Агенцијата за храна и ветеринарство веќе кажале дека водата за пиење е забранета во, Мислешево, Биџево Д. Татеши, Велешта Радолишта и Калишта. Дали водата е употреблива за пиење определува инспекторатот при Дирекцијата за храна и ветеринарство, децидни од ЦЈЗ.