Професорите од охридската гимназија нема да протестираат не добија поддршка од Сонк
Професорите од охридската гимназија утре нема да протестираат не добија поддршка од СОНК.
Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески.
„ Не дадоа подршка тоа според мене е жално. Сметавме дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата ние ја напуштивме по заклучокот дека сакаатда го затаат штрајкот и не им веруваат на СОНК и нивните барања“, вели Николески.
Ацо Речкоски од Регионалниот одбор на СОНК дециден е на ставот дека тие се за решавање на проблемот во образованието преку дијалог со Владата на маса.
Од синдикалната организација при гимназијата нема да излезат на утрешните протести, но најавуваат дека штрајкот продолжува со истиот интензитет.
Директорот на гимназијата Ѕвонко Трпески за ТВМ кажа дека денес дел од професорите продолжиле со штрајкот, а учениците посетувале настава кај оние професори кои не се во штрајк. Трпески информира дека до Локалната самоуправа доставил списоци со професори кои се во штрајк за да се обезбедат заменски професори.
{loadposition content9}