Направете сами течност за одмрзнување стакла
Евтино и брзо припремање на ефикасно средство за одмрзнување
Зимските проблеми со кои среќаваат возачите секое утро се замрзнатите стакла на автомобилите. Борбата со тврдиот слој на мраз вообичаено носи мрзнење на рацете и одзема многу време за чистење и стругање на стаклата во утринското брзање, па затоа многумина би посакале спасоносна течност за топење на површините зафатени со мраз.
Течноста за топење на замрзнатите површини ќе ви заштеди време и пари, а сами ќе ја направите од само три состојки:
-Потребен материјал: сад со распрскувач, 1dl медицински алкохол (70%), 5 капки детергент за садови и 4dl топла вода.
-Постапка: Во садот со распрскувач ставете го алкохолот, потоа детергентот и на крајот топлата вода. Затворете го садот, протресете ја содржината и почнете да ги прскате стаклата. Течноста го штити стаклото уште некое време по одмрзнувањето, а и снегулките нема да се задржуваат на него.
{loadposition content9}


